Планиран прекин на електрична енергија во Лабуништа

ЕВН Македонија најавува планиран прекин на електричната енергија во Лабуништа, на утре среда, 7 мај 2025 година, поради изведување зафати на електродистрибутивната мрежа.

Според информациите од ЕВН Македонија, без напојување со електрична енергија ќе остане потегот од трансформаторската станица кај Амбулантата, во правец кон Асанов мост, како и населбата Пилчарофци.

Прекинот е најавен за периодот од 09:00 до 12:00 часот, и се очекува истиот да заврши навремено, доколку временските услови и теренските околности го дозволат тоа.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ