Понеделник, 23 ноември 2026 понеделник, 23 ноември Струга 11°C Струга 11°C Пријави вест
Свет

Пленковиќ и Фон дер Лајен ќе го одбележат влезот на Хрватска во Шенген и еврозоната

Објавено: · 1 мин читање
Пленковиќ и Фон дер Лајен ќе го одбележат влезот на Хрватска во Шенген и еврозоната

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска, по повод влезот на Хрватска во Шенген и еврозоната, ќе го посетат хрватско-словенечкиот граничен пункт Брегана.

На границата треба да ги пречека претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Подоцна во текот на денот на централниот плоштад во Загреб „Бан Јосип Јелачиќ“ Пленковиќ и Фон дер Лајен ќе се напијат кафе, кое ќе го платат во евра. (МИА)