Среда, 18 ноември 2026 среда, 18 ноември Струга 16°C Струга 16°C Пријави вест
Локални Избори 2025

Понеделник стартува кампањата за локалните избори

Објавено: · 1 мин читање
Понеделник стартува кампањата за локалните избори

В понеделник стартува изборната кампања. Дел од учесниците на локалните избори, потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Уверуваат дека нема да вршат каков било притисок врз вработените во јавната администрација за време на изборниот процес и ќе се воздржуваат од говор на омраза. И во Државната изборна комисија учесниците на изборите ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори.