Поранешниот претседател на „Самоопределување“ тврди дека Курти веќе одлучил да се формира ЗСО во Косово

Поранешниот претседател на движењето „Самоопределување“, Висар Имери синоќа изјави дека косовскиот премиер Албин Курти веќе донел одлука за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство и дека за тоа говорат шесте услови што Курти ги поставил за формирање на ЗСО.

Имери оцени дека тоа е единствениот пат што го води „Косово напред, а на Курти тоа му е јасно“.

-Курти сфати дека нема друг излез освен да ја направиме Заедницата на српски општини. Надеж за сите нас е дека тоа ќе го отвори патот за завршување на дијалогот меѓу Косово и Србија. Се надеваме и дека ова завршување на дијалогот ќе биде од корист за Република Косово, изјави Имери за ТВ Дукаџини.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *