Повеќе од 280 загинати, стотици повредени во железничка несреќа во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија денеска властите, што е најсмртоносната железничка несреќа во таа држава во изминатите повеќе од 20 години.

Железничќката несреќа се случи во близина на Баласоре, во источната држава Одиша, каде што некои вагони беа излетани далеку од шините, а други целосно се превртеа.

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

Неколку минути подоцна, Коромандал Експрес кој се движел од Калкута кон Ченај удрил во него, а некои од неговите вагони се удрија и со товарен воз паркиран во близина.

Се ушпте на терен се спасувачките тимови.

Судханшу Саранги, генерален директор на противпожарните служби на Одиша, рече дека бројот на загинати изнесува 288, но се очекува да биде поголем, потенцијално приближувајќи се до 380.

Индија има една од најголемите светски железнички мрежи и таму се случија неколку катастрофи во текот на годините, од кои најлошата во 1981 година кога воз излета од шините додека минуваше мост во Бихар и падна во реката при што загинаа меѓу 800 и 1.000 луѓе.

Несреќата во петокот е трета најлоша и најсмртоносна од 1995 година, кога два експресни воза се судрија во Фирозабад, во близина на Агра, при што загинаа повеќе од 300 луѓе.

Катастрофата се случи и покрај новите инвестиции и надградби во технологијата кои значително ја подобрија безбедноста на железницата во последниве години.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ