Сабота, 14 ноември 2026 сабота, 14 ноември Струга 16°C Струга 16°C Пријави вест
Свет

Повеќе од 45.000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија

Објавено: · 1 мин читање
Повеќе од 45.000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија

Повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сè уште се водат за исчезнати.

Според последните податоци, во Турција загинале 39.672 лица, а во соседна Сирија повеќе од 5.800.

Турските спасувачки тимови и денеска продолжуваат да ги пребаруваат урнатините, иако шансите да се најдат преживеани се мали.