Позната авионска компанија им забрани на патниците да носат пејџери и токи-воки

Главната авиокомпанија „Емирејтс“ им забрани на патниците да носат пејџери или воки-токи на сите летови до, од или преку Дубаи, според упатствата за патување.

Забраната се однесува и на пријавен и на кабински багаж, објави Ал Арабија.

Се наведува дека полицијата во Дубаи ќе ги конфискува сите забранети уреди доколку ги најде.

Во бранот пејџер и воки-токи експлозии во Либан во септември, загинаа 32 лица, а илјадници беа повредени.         

ОСТАНАТИ ВЕСТИ