Продолжува случајот против Трамп за нелегална исплата на порно ѕвездата Сторми Даниелс

Поранешниот издавач на Нешнл Енквајарар (National Enquirer), Дејвид Пекер, сведочеше пред големата федерална порота во Менхетен, која сослушува докази за улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп во тајната исплата на порно ѕвездата Сторми Даниелс.

Дејвид Пекер, кој сведочеше во јануари, не беше достапен за коментар по вчерашното 45-минутното сведочење, истакнува Ројтерс, пренесува Хина. Доколку биде обвинет, Трамп ќе стане првиот американски претседател кој ќе се соочи со кривична пријава пред суд.

Големата порота може да го обвини Трамп за исплата на 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс, која тврди дека имала афера со Трамп додека тој бил во брак со неговата сегашна сопруга Меланија, а парите требало да ја замолчат, односно да не излегува во јавност со таа информација. Поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, рече дека исплатата ја извршил по инструкции на Трамп.

Трамп негираше дека имало афера, а адвокатот Роберт Костело, кој се сретна со Коен во 2018 година, рече дека Коен му рекол дека дејствувал сам. Костело сведочеше пред големата порота минатата недела. Тој се изјасни за виновен во 2018 година за исплатата и беше осуден на затвор за кршење на правилата за финансирање на кампањата.

Во 2018 година, American Media Inc (AMI), тогаш издавач на National Enquirer, призна дека и платил 150.000 долари на поранешната манекенка на Плејбој, Карен Мекдугал, за да ја спречи да излезе во јавност пред изборите во 2016 година.

Федералните обвинители рекоа дека како дел од договорот за соработка и избегнување обвиненија, АМИ призна дека исплатата на Карен Мекдугал била извршена „во согласност“ со претседателската кампања на Трамп. Коен, исто така, се изјасни за виновен за неговата улога и во таа трансакција.

Трамп, кој бара номинација од Републиканците за претседателски кандидат во 2024 година, се соочува со уште неколку кривични истраги, вклучувајќи ја и онаа поврзана со нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *