Решавање на кипарското прашање приоритет за новиот претседател на Кипар

Моја најголема грижа е да се стави крај на турската окупација и повторно да се обедини нашата татковина. Ќе направам сѐ за одново да започне дијалогот, за да се создадат услови за решавање на кипарскиот проблем, рекол новиот претседател на Кипар, Никос Христодулидис за време на синоќешната инаугурација.

Поранешниот шеф на кипарската дипломатија победи на вчерашните претседателски избори во земјата, откако во вториот круг доби 51,91 отсто од гласовите, а доцна синоќа на свечена манифестација и официјално беше прогласен за нов, осми по ред, претседател на Република Кипар.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис синоќа имаа телефонски разговор со Христодулидис, му честитале за победата и го поканиле да ја посети Атина.  (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *