Рибари во Мексико се соочија со ураганот Милтон, снимката е застрашувачка

Ураганот Милтон, кој стигна до категоријата пет, се очекува да ја погоди Флорида во вечерните часови по локално време со удари на ветер од над 300 км/ч. Околу милион луѓе на Флорида се евакуирани.

Шефот на полицијата упати порака до сите кои нема да се евакуираат, што доволно говори за претстојната опасност.

Се надевам дека сите сериозно го сфатија предупредувањето и ќе си заминат. Кога ќе дојде невремето, нема да има служби за итни случаи на терен и вие сте оставени сами да се грижите. Напишете го вашето име на ногата за да ве идентификуваме во случај на смрт, рече тој.

Додека светот чека Милтон да го погоди брегот на Флорида, ураганот веќе направи хаос на полуостровот Јукатан во Мексико. Снимката од рибарскиот брод изгледа застрашувачка и потсетува како би можело да изгледа кога ќе стигне до брегот.

Fishing boat on seas faced the hurricane Milton in the Celestún of #Yucatán, #Mexico#Milton #hurricanemilton #MiltonFlorida #florida #flwx #Tampa #huragan #Burza pic.twitter.com/suXqNJRLe2

— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) October 9, 2024

ОСТАНАТИ ВЕСТИ