Сараево меѓу најзагадените градови во светот

Сараево денеска е најзагаден град во Босна и Херцеговина и еден од најзагадените во светот со индекс на квалитет 266, кој спаѓа во категоријата многу нездраво за населението.

Позагадени градови од Сараево се Дака, Бангладеш, Лахоре, Пакистан и Багдад.

Во такви услови, лицата со респираторни заболувања, како што е астмата, може да доживеат значително зголемување на симптомите и интензитетот на болеста, а се зголемува и веројатноста за негативни последици по респираторните органи на целата популација.

Инаку, ако индексот за квалитет на воздухот е од 0-50 тогаш е здрав, од 51-100 е умерено загаден. Сè што е повеќе од 100 е нездраво, а повеќе од 300 е опасно по здравјето.

Во Сараево од почетокот на годинава квалитетот на воздухот неколку пати е лош, а во некои денови и опасен по здравјето.

На почетокот на годината, поради значителното зголемување на концентрацијата на загадувачките честички, како и прогнозираните временски услови, Министерството за комунална економија, инфраструктура, просторно планирање, градежништво и заштита на животната средина на кантонот Сараево, на предлог на Стручното тело, прогласи состојба на  „Предупредување“.

Се препорачува да се избегнува престој на отворено во зоните со загаден воздух, особено во утринските и вечерните часови кога концентрацијата на загадувачки материи во воздухот е најголема. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *