СЕ УШТЕ ИМА НАДЕЖ: Спасувачите извлекуваат живи луѓе и после седум дена од катастрофалниот земјотрес во Турција

На седмиот ден од спасувачките акција, тимовите кои напорно се трудат да извлечат што повеќе живи луѓе, сведочат за неверојатни спасувања.

Мустафа Саригул, 35-годишен маж, беше спасен од урнатините на шесткатна зграда во областа Антакија во Хатај, област сериозно погодена од земјотресите што ја погодија Турција во понеделникот.

Турските и романските спасувачки тимови беа прикажани во живо на телевизија како работат пет часа за да го извлечат Саригул од урнатините каде што беше заробен 149 часа.

Младата девојка, Ејлул Килиќ, во областа Низип во Газиантеп, исто така, беше спасена откако преживеа 146 часа во урнатините. Таа престојувала во домот на нејзината тетка кога се случил земјотресот.

Земјотресите со јачина од 7,8 и 7,6 степени, со центар во провинцијата Кахраманмарас, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 10 провинции, вклучувајќи ги Хатај, Газиантеп, Адана, Адијаман, Дијарбакир, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *