Сечењето на Амазон во март за 14 отсто поголемо од минатата година

Уништувањето на шумите во бразилската амазонска прашума во март било за 14 отсто поголемо отколку во март минатата година, покажуваат прелиминарните податоци што денеска ги објаве бразилската Влада.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва ја презеде функцијата на 1 јануари, ветувајќи дека ќе стави крај на уништувањето на шумите по долгогодишно неконтролирано уништување на шумите во времето на неговиот претходник Жаир Болсонаро, за време на чиј мандат беше намалена заштитата на животната средина во Амазон.

– Ова зголемување открива дека Амазон продолжува да страда од огромен недостиг на управување и оти новата влада мора итно да дејствува за да го врати капацитетот за борба против еколошкиот криминал, кој беше целосно уништен од претходната влада, рече претседателот на локалната еколошка група „Набљудувачи на климата“ Марсио Астрини.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *