Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума

Министерката за развој на Германија, Свења Шулце денеска изјави дека германската Влада ќе обезбеди 222 милиони долари (204 милиони евра) за Бразил за заштита на животната средина.

Од вкупната сума, 38 милиони долари се донација на Фондот за заштита на Амазон, што претставува најголем придонес за зачувување на амазонската прашума.

– Со новата Влада и тимот на претседателот Луис Инасио Лула да Силва и министерката за животна средина Марина Силва, имаме голема шанса да ја заштитиме шумата и да понудиме нова перспектива на луѓето што живеат таму, истакна Шулце.

Германија, исто така, вети дека ќе им обезбеди на земјоделците 87 милиони долари заеми со ниски камати за обновување на земјоделските површини и 34 милиони долари за заштита на прашумите на Амазон.

И покрај сите тешкотии, зголеменото уништување на шумите, грабежот на земјиштето, пожарите, ужасната ситуација во која се наоѓа домородното население, ова го гледаме како можност да ја свртиме целата ситуација, наведе Лула да Силва.

Тој ја презеде функцијата претседател на Бразил на почетокот на јануари и вети дека ќе стави крај на сечата на шумите до 2030 година.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *