Шведска инвестира 317 милиони евра во систем за борба против дронови

Шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон денес изјави дека Шведска ќе инвестира 3,5 милијарди шведски круни (317 милиони евра) во повеќе системи против дронови.
„Неодамнешните видувања на дронови и нарушувања на воздушниот простор се потсетник дека заканите од воздух се сè поголем дел од модерното војување. Мора да се браниме од нив“, рече Џонсон на социјалната мрежа X, според Ројтерс.
Како што изјави, Шведска, членка на НАТО, ќе набави системи за соборување дронови, распоредување борбени дронови за воздухопловни бази и инсталирање сензори за попречување, меѓу другото.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ