Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека вечерва во 22 часот и 20 минути, северниот дел на Италија е погоден од земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала
Епицентарот на земјотресот бил на 13 километри од градот Толмецо.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/Screenshot-2024-03-27-224232-800x266.png)
Според првите податоци, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
Се почувствува и во соседните земји, вклучително и Словенија и дел од Хрватска, пишуваат хрватските медиуми.