Сојлу: Некои западни држави се обидуваат да го уништат туризмот во Турција

Турција обвини неколку западни земји за привремено затворање на нивните конзулати во Истанбул од безбедносни причини, обвинувајќи ги дека водат „психолошка војна“ и се обидуваат да ја уништат турската туристичка индустрија.

Германија, Холандија и Велика Британија неделава ги затворија своите конзулати во Истанбул.

Германската амбасада како причина го наведе „ризикот од можни напади по инцидентите со палењето на куранот во некои европски земји“.

САД и некои други земји издадоа предупредувања за патување во кои ги повикуваат граѓаните да бидат внимателни.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека затворањето на конзулатите и предупредувањата за патување се дел од „западниот заговор“ за да се спречи закрепнувањето на турскиот туристички сектор по пандемијата на коронавирусот.

На денот кога ја објавивме нашата цел да привлечеме 60 милиони туристи, во време кога пристигнаа 50,5 милиони туристи и остваривме 46 милијарди долари приход од туризмот, тие се на раб да започнат нова психолошка војна против Турција, изјави Сојлу. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *