Србија: Потврдени први случаи на мали сипаници

Во српскиот град Смедерево потврдени се првите случаи на заразени со мали сипаници. Болеста е откриена кај три деца на возраст до 1,5 години и кај едно возрасно лице. Нивната здравствена состојба засега е добра.

– Во референтната лабораторија на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ е потврдено присуство на морбили кај четири лица од територијата на Смедерево. Станува збор за три невакцинирани лица и едно лице со непознат статус на вакцинација. Епидемиолошката служба на Заводот за јавно здравје во Пожаревац спроведува епидемиолошка истрага на потврдени случаи, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Институтот препорачува да се врши построг епидемиолошки надзор, како и да се евидентираат вакцинираните и невакцинираните лица и да се спроведе вакцинација. На територијата каде што се потврдени случаи на мали сипаници потребно е да се вакцинираат сите невакцинирани и да се ревакцинираат сите на возраст од 12 месеци до 18 години согласно Правилникот за програмата за задолжителна имунизација.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

1 Comment

  • Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *