„Постигнат е договор за спроведување на прекин на огнот и завршување на војната во Газа по две години страдање, во согласност со мировниот план предложен од претседателот Доналд Трамп“
Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас стапи на сила во Појасот Газа денес, по напорите за посредување за ставање крај на двегодишната смртоносна војна во палестинската енклава, јавува Анадолу.
„Постигнат е договор за спроведување на прекин на огнот и завршување на војната во Газа по две години страдање, во согласност со мировниот план предложен од претседателот Доналд Трамп“, изјави египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.
Израелскиот јавен радиодифузен сервис КАН потврди дека договорот за прекин на огнот стапил на сила во енклавата.
Сепак, израелскиот „Канал 12“, кој се повикува на извори во Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, прекинот на огнот „ќе стапи на сила само по одобрувањето од Владата“.