Страшна снимка! Огромна карпа во секунда згмечи автомобил, возачот, за среќа, преживеал

Во средата, рано наутро, Тајван беше погоден од силен земјотрес чии последици се согледуваат.

Првиот земјотрес, со јачина од 7,4 според Рихтер, најавил серија послаби, а службениците рекле дека се урнати речиси 100 згради.

На социјалните мрежи се појавиле бројни снимки кои ја илустрираат силата на земјотресот, а една беше забележана на северот на провинцијата Хуалијен, пренесува „Daily Mail“.

На снимката гледаме автомобили кои се движеле по улица кога земјиштето почнало да се тресе. За момент застанале, а возачите потоа тргнале наназад, веројатно свесни што следи.

И навистина, неколку моменти подоцна огромна карпа се стркалала надолу и го згмечила задниот дел од едно возило.

Како што се дознава, возачот бил полесно повреден, а вистинско чудо е што е избегната поголема трагедија. Погледнете ја снимката и ќе сфатите зошто.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ