Страшна сообраќајка во Германија: Се преврте автобус, најмалку петмина загинати

Германската полиција соопшти дека неколку лица загинале во сообраќајна несреќа во која учествувал автобус на компанијата „Фликсбус“, а која се случила недалеку од Лајпциг, а автопатот А9.

Најмалку пет лица се загинати, а повеќе повредени меѓу кои и неколкумина потешко. Автобусот од непознати причини излетал од патот, се забил во стебло и се превртел.

Во моментот на несреќата во автобусот биле 53 патници и двајца возачи.

Порпартолот на „Фликсбус“ Себастијан Мејер за Билд истакна:

„Точните околности за несреќата не се познати. Блиску соработуваме со локалните власти и со спасувачите на лице место и ќе сториме се најбрзо што можеме да ги разјасниме причината за несреќата. Нашите мисли се со сите кои се погодени во оваа несреќа“, рече Мејер.

Вклучени се и хеликоптери во акцијата за спасување, а автопатот А9 е целосно затворен.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ