Светската банка ја намали прогнозата за економски раст на Украина во 2026 година на два проценти

Светската банка прогнозира дека економскиот раст на Украина во 2026 година ќе изнесува само два проценти, што е дури за 3,2 процентни поени пониско од проценката од јуни.
Причината се долгорочните ефекти од руските воени напади што ги ограничуваат инвестициите и деловните активности. Увозот на гас во Украина достигна највисоко ниво во последните две години поради штетата врз домашните капацитети, објавува „Киев Индепендент“.
Светската банка забележува дека и покрај предизвиците, украинската економија поминува низ значителна трансформација. Новите сектори и подобрувањата на продуктивноста во постојните индустрии би можеле да придонесат за создавање работни места и стабилизација на пазарот на трудот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ