Земјотрес со интензитет од 5,0 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово источниот дел на Тајван, соопшти Централната метеоролошка управа на островот.
Според агенцијата, земјотресот е регистриран во 7:52 часот наутро по локално време во округот Хуалиен.
Епицентарот на земјотресот што го погоди кинескиот регион Тајван беше на длабочина од 6,1 километар.
Нема извештаи за жртви или материјална штета, јави агенцијата РИА Новости.
Тајван го погоди силен земјотрес
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft