Тетовецот Џемаил има 111 години и уште продава на пазарот во градот. Но, сега доби социјална пензија, а во бркањето на процедурите му помогна сограѓанинот Флакрон Беџети, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, кој таа вест ја објави на својот фејсбук профил.
Беџети објави и кусо видео од моментот кога на Џемаил му го дава решението за пензија.
Тетовци го препознаваат Аџес Џемаил зашто секој ден доаѓа на пазарот и продава за да обезбеди пари за леб. Вели дека порано се обидел да побара пензија, но му било тешко да се бркаат процедурите, па се откажал, најмногу затоа што му побарале мито.
Џемаил вели дека пости веќе 102 години за Рамазан и оди во џамија. Дали е најстариот човек во Македонија, па и пошироко?
Куса приказна за него беше направена во октомври.