Еуроњуз Албанија обезбеди снимка од несреќата во Елбасан, каде за жал загина 8-годишно девојче. Според информации на 4NEWS.mk автомобилот со македонски регистарски таблички доаѓал од Елбасан во правец кон Пеќин и на кривина македонскиот голф изгубил контрола и му го пресекол патот на другото возило.
„Околу 16 часот и 30 минути на патот Елбасан-Пеќин, во село Паулеш, државјанката Тренделина Бехари управувајќи возило од типот „голф“ се судрила со возило управувано од државјанин Агрон Хаса, жител на Каваја“, соопшти полицијата.