Недела, 8 ноември 2026 недела, 8 ноември Струга 11°C Струга 11°C Пријави вест
Свет

Турција ги прекина трговските односи со Израел

Објавено: · 1 мин читање
Турција ги прекина трговските односи со Израел

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, бидејќи веќе го ограничија извозот во таа земја во април, соопшти турското Министерство за трговија.

„Извозот и увозот со Израел се прекинати“, се вели во соопштението на Министерството.

Се додава дека Турција ќе ги применува овие нови мерки „додека израелската влада не одобри непречен проток на хуманитарна помош во Појасот Газа“.