Твитер ги означи Ен-пи-ер и Би-би-си за медиуми „финансирани од власта“

Твитер ги означи американското Национало јавно радио Ен-пи-ер (NРR) и британскиот јавен радодифузер Би-би-си како медиумски куќи „финансирани од владата“, откако првично Ен-пи-ер беше означен како „медиум поврзан со државата“, што укажува на недостаток на уредувачка независност.

Промената во начинот на кој Твитер се однесува кон Националното јавно радио (NPR), со седиште во Вашингтон, се случи тивко во саботата вечерта и доаѓа откако мрежата се пожали дека терминот „поврзан со државата“ е погрден и неточен, па Твитер ја смени етикетата во „финансиран од владата “.

Твитер минатата недела го означи Ен-пи-ер на истиот начин како кинеските и руските платформи контролирани од владите во овие земји.

Во знак на протест, Ен-пи-ер престана да го користи Твитер и да пушта твитови.

Главниот Твитер профил на Ен-пи-ер, со повеќе од 8,8 милиони следбеници, ги повика корисниците „да ги пронајдат на друго место каде што ќе ги читаат нивните вести“.

Извршниот директор на Ен-пи-ер, Џон Лансинг, изјави дека одлуката на Твитер е „неприфатлива“.

Ен-пи-ер, еден од најпочитуваните американски медиуми, соопшти дека помалку од еден процент од нејзиниот оперативен буџет доаѓа од федерални извори.

Медиумите јавуваат дека Твитер слична етикета му залепил и на Би-би-си, а компанијата веднаш се обратила до Твитер за објаснување.

„Би-би-си е независен и отсекогаш бил. Ние сме финансирани од британската јавност преку претплати“, соопшти британскиот медиум.

Претплатата, чиј износ го одредува владата, изнесува 159 фунти годишно.

Твитер профилот на Би-ви-си, со 2,2 милиона следбеници, ја доби ваквата ознака, додека попопуларните профили поврзани со ударните вести и спортските изданија на корпорацијата во моментов не се опишани како такви. Истото е случај и со другите Ен-пи-ер профили, како што е тој за музика.

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, го опиша Би-би-си како една од „најмалку пристрасните“ организации откако радиодифузерот се спротивстави да биде означен како „медиум финансиран од владата“.

„Треба да напоменам дека ги следам вестите на Би-би-си на Твитер, бидејќи мислам дека тие се меѓу најмалку пристрасните“, наведе Маск.

Во случајот со Ен-пи-ер, Маск напиша дека начелото на Твитер едноставно е „правичен и еднаков пристап“, па „ако неамериканските акаунти (профили) ги означиме како владини, тогаш истото треба да го сториме и за акаунтите во САД, но звучи како тоа овде можеби и не е вистина“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *