Уште еден земјотрес ја погоди Турција

Уште еден земјотрес е регистриран во Турција.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), тресењето на земјата се случило на 19 километри од Гоксун.

Земјотресот бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала.

Да потсетиме, минатиот понеделник јужниот дел на Турција и северозападна Сирија беа погодени од разорни земјотреси во кои загинаа повеќе од 40.000 луѓе.

Повеќе од 80.000 луѓе беа повредени, додека повеќе од 6.500 станбени згради се урнаа во разорните земјотреси.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *