ВИДЕО: Ново чудо во Турција, седум годишно девојче спасено по 136 часа

Седумгодишното девојче кое било под урнатините на зграда во Хатај било спасено 136 часа по разорните земјотреси што во понеделникот ги погодија јужните провинции на Турција.

Спасувачките тимови се тркаат со времето за да продолжат со потрагата и спасувањето во регионите погодени од земјотресот.

Спасувачите откриле дека под урнатините на зграда во населбата Дефне има живо лице и по неколкучасовна акција успеале да спасат седумгодишно девојче.

Насобраните со голем ентузијазам го прославија спасувањето на девојчето Исра, кое беше префрлено во болница.

Ekiplerimiz tarafından az önce canlı çıkarılan İsra Tehalmi 7 yaşında. 136. saatte gelen mucize. Hatay – Defne pic.twitter.com/0SyAtJAXFx

— Ekrem İmamoğlu (@ekrem_imamoglu) February 11, 2023

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *