Поплавен е аеродромот во Дубаи, па може да се забележат авиони како се движат по пистите претворени во реки.
Многу летови се прекинати.
Властите испратија цистерни на улиците и автопатите за да ја испумпаат водата.
Дождот е невообичаен во ОАЕ, но повремено се појавува за време на постудените зимски месеци.
Како што изјави читател за српски „Блиц“, во Дубаи се е во мирување, а многу луѓе се спречени да ги напуштат своите домови.
18 лица загинаа во поплавите во Оман.
Дожд врнеше и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија.