(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Автобус со 20 патници паднал во река во Санкт Петербург, при што загинале најмалку седум лица, јавуваат руските медиуми. Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува автобус како се движи надвор од патот, удира во автомобилите што доаѓаат пред да ја сруши оградата и да падне во реката.

Шест лица наводно се хоспитализирани, а бројот на загинати во моментов изнесува седум, иако не сите руски медиуми ги објавија истите податоци.

Возачот наводно бил уапсен и e одведен во полиција на сослушување, а властите велат дека се уште се обидуваат да утврдат што се случило.

Спасувачите пристигнале до автобусот во реката и се обиделе да ги извлечат луѓето преку покривот. Наводно, преку отворот на покривот биле извлечени осум лица. Останатите десет сами излегле и потоа биле превземени со чамци за спасување. Руските медиуми јавуваат дека возачот се обидел да побегне.

Властите не соопштија колку луѓе имало во автобусот, но руските медиуми, повикувајќи се на сведоци, објавија дека имало околу 20 патници.

Гувернерот на Санкт Петербург Александар Беглов изјави дека во тек е повеќеагенциска операција, која тој лично ја координира. Тој додаде дека на настраданите во несреќата им се укажува брза помош.

Одборот за транспорт на градот извести дека возачот на автобусот изгубил контрола при вртење од улицата Болшаја Морскаја кон мостот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ