(ВИДЕО) Се повеќе борци на Хамас влегуваат во Израел: Се шират снимки од заробени војници и цивили

Хамас зароби повеќе од 35 израелски војници и доселеници, објавија израелските медиуми цитирани од Ал Арабија кои известуваат за ракетни напади и упад на борците на Хамас во населбите на југот на Израел.

Според израелската телевизија Решет 13, палестинските екстремисти држат заложници во Офаким, на југот на Израел, пренесува Ројтерс, пренесува Танјуг.

На социјалните мрежи се шират видеа на кои се гледа како припадниците на Хамас заробуваат израелски војници и цивили.

Според последните информации во нападите на Хамас има 22 израелски жртви.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ