Вторник, 17 ноември 2026 вторник, 17 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Свет

ВИДЕО: Вака ќе изгледаат бугарските евра кои ќе бидат во оптек од 1. јануари 2026 година

Објавено: · 1 мин читање
ВИДЕО: Вака ќе изгледаат бугарските евра кои ќе бидат во оптек од 1. јануари 2026 година

Бугарската народна банка (БНБ) презентираше информативни материјали со дизајнот на бугарските евро-монети, кои ќе бидат во оптек на 1 јануари 2026 година.
Оваа иницијатива е дел од поширока кампања на БНБ насочена кон информирање на јавноста и подготовка на граѓаните за воведувањето на еврото, објавува „Новините“.
Објавени се два видео клипа – едниот го прикажува изгледот на монетите, додека другиот дава детални информации за нивниот дизајн, спецификации и симболика.
Евро монетите ќе носат препознатливи бугарски мотиви. На монетата од едно и две евра ќе биде прикажан Свети Јован Рилски. Другите апоелни ќе бидат украсени со „Мадарски коњаник“, кој е релјеф кој се наоѓа во североисточна Бугарија во близина на селото Мадара.