Во Грција почна судењето на активистите кои спасуваа мигранти

На грчкиот остров Лезбос денеска почна долгоочекуваното судење на 24 членови на организации за хуманитарна помош обвинети за шверц со луѓе, шпионажа и перење пари.

Една од обвинетите е познатата сириска бегалка и активистка за човекови права, Сара Мардини. Таа има адвокати кои ја застапуваат, јави државното радио.

Бројни членови на три невладини организации се обвинети за шверц со мигранти на островот Лезбос во источниот дел на Егејското Море. Според полицијата, тие систематски го поддржувале преминувањето на мигрантите од Турција во Грција.

Адвокатите на обвинетите ги опишаа обвинувањата како „фарса“.

Полицијата во февруари 2018 година уапсила двајца членови на невладините организации кои управувале возило со лажни регистарски таблички на грчката армија на Лезбос, што предизвикало повеќемесечна истрага и следење на невладините организации.

Сара Мардини се прослави преку неодамнешната драма на Нетфликс „Пливачите“, која ја раскажува приказната за две пливачки, сестрите Сара и Јусра Мардини, кои се најдоа на насловните страници во 2015 година, бидејќи спасиле бегалски брод од неволја, влечејќи го со часови со јаже.

Двете потоа се населиле во Германија. Нејасно е колку ќе трае судењето, изјавија за радиото адвокатите на обвинетите.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *