ВО КОПЕНХАГЕН ГОРИ ПОЗНАТАТА ЗГРАДА НА БЕРЗАТА, ЕДНА ОД НАЈСТАРИТЕ ВО ГРАДОТ

Историската зграда на берзата во центарот на Копенхаген, која е една од најпознатите во градот, ја зафати голем пожар. Изградена во 1625 година, Берсен е една од најстарите згради во Копенхаген, а во пожарот се урна нејзината позната кула.

Сите кои биле во зградата успеале да излезат, но претходно се спасувале некои од уметничките дела кои беа внатре.

Министерот за култура Јакоб Енгел-Шмит изјави дека изгореле 400 години културно наследство. Зградата на старата берза се наоѓа во непосредна близина на данскиот парламент и кралската палата и беше во фаза на реновирање.

Засега не е позната причината за пожарот. Се верува дека голем дел од зградата е тешко оштетен во пожарот, кој бил најсилен околу кулата.

Портпаролот на пожарникарите Јакоб Вестед Андерсен изјави дека пожарот започнал на бакарниот покрив, се проширил на поголемиот дел од зградата и покривот, чии делови се урнале и ја уништил внатрешноста на објектот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ