ВОЗАЧОТ ЕДВАЈ ИЗЛЕГОЛ: Сообраќајна несреќа кај Златибор

Возачот на патничко возило, кое се движело по главниот пат од Златибор, се превртел на страна, а после тоа едвај успеал да излезе од автомобилот.

-Поради снегот што постојано паѓа, коловозот стана лизгав како стакло. Се се случи на излезот од главниот пат за Торник. Претпоставувам дека автомобилот се излизгал поради лоша проценка во кривината, каде потоа удрил во работ на тротоарот, а потоа се превртел, едвај успеал да излезе од автомобилот на спротивната страна, вели за агенцијата РИНА очевидецот Ненад С.

Во оваа сообраќајка не учествувале повеќе возила, а поради зафатеноста на еден коловоз настанале помали колони возила.

Припадниците на сообраќајната полиција ќе ги утврдуваат точните околности кои довеле до оваа сообраќајна несреќа.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *