Среда, 11 ноември 2026 среда, 11 ноември Струга 11°C Струга 11°C Пријави вест
Балкан

За 48 часа противпожарната служба на Грција примила 422 повици поради невремето

Објавено: · 1 мин читање
За 48 часа противпожарната служба на Грција примила 422 повици поради невремето

Од средата до шест часот утрово, противпожарната служба на Грција примила 422 повици за помош поради невремето со дожд, снег и силен ветер што ја зафати земјата, објави грчката телевизија „Скај“.

Повиците во главно се однесувале на затнати одводи, спасување од лифтови, сечење дрвја и префрлање на луѓе на безбедни места.

Половина од повиците, односно 210 биле во областа Атика, поширокиот регион на Атина. (МИА)