Швајцарската сеизмолошка служба соопшти дека веројатно и граѓаните ширум земјата го почувствувале земјотресот, како и дека според неговата јачина можел да предизвика помали штети во близина на епицентарот
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Швајцарија, информира швајцарската сеизмолошка служба.
Земјотресот се случил во 2 часот и 34 минути, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри, на околу 32 километри југоисточно од Цирих.
Швајцарската сеизмолошка служба соопшти дека веројатно и граѓаните ширум земјата го почувствувале земјотресот, како и дека според неговата јачина можел да предизвика помали штети во близина на епицентарот.
Засега нема податоци дека предизвикал поголема материјална штета.