ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ГРЕСА МУСТАФАИНА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО КАРАТЕ

Во Сабота 04.11.2023година во салата Антон Димитров во населба Бутел,
Скопје се одржа државно првенство за кадети, јуниору и помлади сениори У21, каде
што беа пријавени 288 натпреварувачи од 54 клуба од Р.Македонија.

Во категоријата Јуниори -66кг во женска категорија натпреварувачката Греса
Мустафаи од карате клубот Арена Струга, успеа да се закити со златен медал и да
обезбеди норма за учествува на Балканското првенство во Љубљана Р.Словенија кое
што ќе се одржи на 17.11.2023година.

Во Сабота 11.11.2023 год, ќе се одржува и ПЛЕЈ ОФФ за учество на
Европското првенство во карате кое што ќе се одржи во Тбилиси- Р. Грузија.
Тренерот и селектор Шефи Речи беше задоволен од постигнатиот успех на
натпреварувачката Греса Мустафаи, и сега наредно се припремите за Балканско и
Европско првенство.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ