Со овие зборови првпат се огласил Милош Илиќ, татко на исчезнатото девојче Данка Илиќ, откако трае потрагата по неговата ќерка на социјалните мрежи.
Според зборовите на соседите и полицајците кои учествуваат во потрагата и истрагата, веста за исчезнувањето на детето најдраматично ја примил таткото на малата Данка, а поради него вчера доаѓала и Итната помош со оглед на тоа дека му се слошило од стрес.
Како вчера течеше потрагата по исчезнатата Данка?
Потрагата по Данка траела цела ноќ, во текот на која температурата во Бор и околината паднала на само 6 степени Целзиусови, додека дождот за момент сопрел. Припадниците на Горската служба за спасување објасниле дека тоа во нормални околности се добри услови за потрага, но дека секоја минута е важна бидејќи сепак станува збор за 2-годишно девојче.
Хеликоптерите вчера, заедно со дронови, летале и покрај темницата и го пребарувале теренот со термовизиски камери. Над местото на исчезнување на Данка Илиќ се наоѓа пат кон шумата која не е густа, но во која има многу густи растенија.
Потсетуваме, исчезнатата Данка Илиќ исчезна во вторникот во околу 13 часот во приградската населба Бањско поле кај градот Бор. Потрагата по девојчето и натаму трае, а како што навеле од полицијата, акцијата траела цела ноќ.
Имено, како што изјавила за „Blic“ мајката на девојчето, таа била со синот во Бањско поле кога девојчето исчезнало.
„Детето на себе имаше розови панталони и маслинесто зелена јакна, врзана коса. Се одзива на името, но сè уште е мала, таа не зборува. Се јавија луѓе дека е видена кај некоја зграда, но не е тука“, рекла исплашената мајка на девојчето во првата изјава.
Игор Јуриќ за потрагата по Данка
По повод потрагата по Данка се огласил и Игор Јуриќ.
„Што се однесува до информациите, имаме исти. Тоа што е клучно е дека Данка сè уште не е пронајдена. Постојат навистина разни информации и многу работи доаѓаат до нас, но би било несериозно воопшто да зборуваме за тоа додека пред сè службениците на Министерството за внатрешни работи излезат со некое официјално соопштение. Водејќи се по искуствата од потрагата по нашето девојче, морам да ви кажам дека полицијата е многу внимателна при давање на било какви информации во медиумите и на граѓаните за да не се наштети на самата потрага и тоа е нешто можеме да го очекуваме и во наредниот период“, рекол Јуриќ/
Ова е куќата каде што исчезнала 2-годишната Данка од Бор – позади има шума, теренот е непристапен
Како што изјавила мајката на Данка, дошле во семејната викендичка која и порано често ја посетувале. Мајката кажала дека ги донела децата да потрчаат и да прошетаат, и навела дека додека да се заврти, девојчето веќе го немало.
„Живееме во Бор. Ги донесов тука малку да трчаат и да прошетаат. Моите имаат потекло од тука и како дете често доаѓав тука“, вели мајката на Данка, Ивана.
Шума и непристапен терен
Како што јавува репортер на „Kurir“, куќата се наоѓа на 300 метри од главниот пат. Зад куќата има една шума, но тоа не е густа. Изолирана е од останатите куќи. Се наоѓа на самиот крај од населбата, а овој предел е непристапен.
Додава дека девојчето практично не можело да излезе од видокругот на мајката. Таа има само две години, не може да трча, а носи и пелена.
Потсетуваме, девојчето има кафеава коса, кафени очи, висока е околу 85 центиметри. На себе имала маслинесто зелена јакна, розови панталони и црни патики.