АХВ повлече од продажба чоколада поради присуство на пластика

Истиот производ, со ист сериски број и рок на употреба, пред неколку дена е повлечен и од хрватскиот пазар поради истата причина – можно присуство на парчиња пластика

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека од продавниците се повлекува чоколада „милка орео“ од 37 грама поради присуство на парчиња пластика.

Производот е со сериски број OSK0934652 и со рок на употреба до 18 август 2024 година.

Чоколадата е произведена во „Монделез Полска продакшн“, а увозник е операторот со храна „ТД Нелт“.

Истиот производ, со ист сериски број и рок на употреба, пред неколку дена е повлечен и од хрватскиот пазар поради истата причина – можно присуство на парчиња пластика.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ