Понеделник, 9 ноември 2026 понеделник, 9 ноември Струга 12°C Струга 12°C Пријави вест
Свет

Аргентина: Комарци шират денга треска, 40 починати и над 60.000 заразени

Објавено: · 1 мин читање
Аргентина: Комарци шират денга треска, 40 починати и над 60.000 заразени

Аргентина се соочува со епидемија на денга треска, од која починаа 40 луѓе, а повеќе од 60.000 се заразени, главно во северозападниот дел на земјата.

Инфекцијата ја шират комарците од жолта треска, а последната епидемија ја погоди Аргентина во 2020 година, наведува „Би-Би-Си“.

Меѓутоа, Министерството за здравство вели дека бројот на случаи со денга почнува да се намалува.