Артета со нетрпение го очекува натпреварот против Манчестер сити

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, призна дека со нетрпение го очекува натпреварот против Манчестер сити.

Арсенал синоќа одигра 3:3 со Саутемптон во натпреварот од 32. коло на шампионатот на Англија.

– Едвај чекам, ова е натпреварот што сакате да го играте. Кога сè е во прашање, мора да одите таму за да победите. Тоа е убавината на фудбалот, сакаш да бидеш на првата позиција. Ќе имаме неверојатно патување во Манчестер и ќе се подготвиме одлично. Ова не е финале бидејќи има уште шест натпревари до крајот. Видов дека момците се подготвени да направат се. Духот на овој тим е неверојатен, а ние треба да се обидеме да го направиме тоа повторно – да ги победиме „граѓаните“, го цитира „Би-би-си“ Артета.

Натпреварот Манчестер сити – Арсенал е закажан за 26 април.

Арсенал е прв на табелата во Премиер лигата со 75 бодови. Водството пред второпласираниот Манчестер сити е 5 бода, но тимот на Хосеп Гвардиола има два натпревари помалку.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *