Планината Јабланица со своите значајни природни вредности и богат биодиверзитет, особено истакнат Стрижак, еден од највпечатливите врвови на Балканскиот полуостров со надморска висина од 2.233м., е во интензивна фаза за прогласување на Национален парк!Како што е запознато населението, во 2015г. дозвола за рушење на Стрижакот доби концесионерот Илинден АД. Но ниту тогаш, ниту било кога, […]
Образовните реформи иницираат низа промени, коишто веќе целосно го револуционизираа финскиот образовен систем. Учениците во оваа земја со години успешно се натпреваруваат, на пр. со САД, Кина, Сингапур и Јапонија, па освојуваат први места на натпреварите по математика и природни науки. Како е ова можно? Финска е водечка во образованието по здраво-разумските практики и холистичката, […]
УНИЦЕФ денеска предупреди дека по големите поплави во Пакистан, 10 милиони луѓе, вклучувајќи и деца, сè уште живеат во области без пристап до безбедна вода за пиење. Во соопштението на УНИЦЕФ се истакнува лошата ситуација во сиромашниот Пакистан, земја со 220 милиони жители која сè уште се бори со последиците од поплавите и растечката економска […]
Полициските службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) денеска во рамки на Меѓународната оперативна акција АТМ започнаа претреси на деловни и станбени објекти и движен имот на 13 локации на подрачјето на Сараево и Зеница. Наведените активности се вршат поради постоење основи на сомнение дека се сторени кривичните дела „организиран криминал“ и „перење […]
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина „на патот кон нормализација на односите“ и нагласи дека страните мора да работат „брзо“ и „со добра волја“ за да ги „материјализираат сите свои обврски од договорот“. „Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја поздравува неодамнешната изјава на ЕУ за договорот меѓу […]
Недостатоци во независноста и интегритетот на судството, недостиг на независни медиуми, и тековната корупција во владата, органите на прогонот и локалните институции се главните проблеми во Албанија во текот на изминатата година, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент. Се додава дека иако Уставот предвидува независно судство, „политичкиот притисок, заплашувањето, корупцијата и ограничените ресурси […]
Новиот фонд на НАТО, вреден 1,1 милијарда долари, е наменет за инвестиции во европски стартап компании кои развиваат технологија и апликации со можни воени или одбранбени цели и ќе биде со седиште во Холандија. Холандското Министерство за економија соопшти дека фондот официјално ќе биде пуштен во употреба за време на годишниот самит на НАТО во […]
Еден ден по отфрлените две гласања за недоверба на Владата на француската премиерка Елизабет Борн во Националното собрание (долниот дом на францускиот Парламент), францускиот претседател Емануел Макрон и натаму е под притисок. Тој за денеска закажа серија консултации, пренесоа француските медиуми. Во 9 часот по локално време тој ќе има средба со француската премиерка. Потоа […]
Ковид-19 е поврзан со зголемена опасност од развој на подоцнежни гастроинтестинални нарушувања, вклучително и синдром на нервозно дебело црево, според истражување спроведено во 14 земји ширум светот. Испитувањата опфатиле 2.183 пациенти згрижени во 36 болнички установи во 14 земји: Италија, Бангладеш, Кипар, Египет, Израел, Индија, РС Македонија, Малезија, Романија, Руската Федерација, Србија, Шпанија, Шведска и […]
Американскиот претседател Џо Бајден доцна синоќа изјави дека потпишал закон со кој се дозволува декласификација на документите за потеклото на пандемијата на коронавирусот што првпат се појави во Кина. „Треба да дојдеме до потеклото на пандемијата на коронавирусот за подобро да ги спречиме идните пандемии. Мојата администрација ќе декласифицира и ќе објави што е можно […]