Струга

АМСМ: Од 3-ти јули нов режим на сообраќај на патот

Од 3-ти јули 2023 година ќе започнат градежни активности со што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај на Регионалниот пат Р1201 Струга-Дебар, информираат од АМСМ. Во фаза 1 ќе се врши асфалтирање кај селото Глобочица и во фаза 2 – асфалтирање кај селото Луково. – Предвидено е целосно затворање на сообраќајот во периодот […]

Спорт

Згуро: Струга ТЛ е најдобрата екипа во Македонија

Ванѓел Згуро е најмладото име во редовите на македонскиот шампион Струга ТЛ. Тој веќе беше преставен како ново засилување за стружани по левата бековска позиција, а денеска излезе и со првата изјава по доаѓањето во новата средина. „Овој трансфер дојде со желба и од двете страни и многу сум задоволен. Струга Трим Лум во моментов […]

Македонија

Ноќеска и утре нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

Ноќеска и утре времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од УХМР. На одредени места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање. Во вторник попладне претежно во западните делови, а […]

Свет

Шпанија зафатена од топлотен бран, во Мадрид измерени 45 степени

Шпанија е зафатена од првиот летен топлотен бран со екстремно високи температури кои надминаа 40 степени Целзиусови. Во Мадрид денеска на некои места се евидентирани 45 степени Целзиусови, а екстремно високи температури се забележани и во јужните градови Севиља и Кордоба. Институтот за метеорологија (AEMET) издаде предупредување за осум од 17 автономни управи на Шпанија. […]

Македонија

ИНРЕКОМ: Најавените измени и дополнувања на Законот за аудио и

Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје смета дека најавените измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не треба да бидат усвоени и ги повикува Владата и Министерството за информатичко општество и администрација да го преиспитаат предлогот. Прашуваат дали Владата со предложените измени „повторно сака да се умилкува кон телевизиите […]

Македонија

Стружанец се движел по автопат, лица фрлале камења кон неговото

На 25.06.2023 во 01.00 часот во СВР Куманово, 25 годишен жител од с.Велешта, Струга пријавил дека на 24.06.2023 година во 22.40 часот додека се движел по автопат „Пријателство“ со товарно моторно возило марка „МАН“ со струшки регистарски таблици, поточно под мост во с. Романовце, неколку лица од мостот фрлале камења и тврди предмети со што […]

Свет

Москва се подготвува за напад на „Вагнер“ – на влезот

Во самата Москва и на периферијата на градот, според западните медиуми, во тек се бурни подготовки за пристигнување на конвојот платеници на „Вагнер“ предводен од Евгениј Пригожин, кој започна вооружен бунт против армијата и режимот. „Вагнерци“ ги освоија градовите Ростов и Воронеж, а конвојот сега беше виден на нешто повеќе од 400 километри од Москва. […]

Охрид

ФОТО: Градот во Охрид оштети возила – искршени стаклата!

По силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град кое го зафати денеска Охрид се појавија и материјални штети. Имено, од силниот град со големина за лешници оштетени се возила. Според фотографиите од Охрид, може да се забележат искршени стакла.

Свет

Авионот на Путин полетал на север и исчезнал од радарите

Не е познато дали Путин бил во авионот. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно објави дека Путин е во Москва и работи во Кремљ Авионот што вообичаено го користел рукиот претседател Владимир Путин полетал од Москва кон Санкт Петербург. По извесно време авионот исчезнал од Флајтрадар, што најверојатно значи дека ги исклучил уредите за следење. […]

Охрид

ФОТО: Авион два часа кружи на Охрид и не може

Невремето во Охридскиот регион предизвика проблеми и во редовниот авио сообраќај. Авион од компанијата „Визер“ кој полета од Малме, Шведска, не можеше да слета на охридскиот аеродром „Св. Петар и Павле“. Авионот кружеше на Охрид и Струга речеси два часа. Планирано време за слетување беше во 11 часот. Подоцна авионот беше пренасочен кон Тирана и […]