Паника завладае на небото откако во авионот „Ербас А321“ кој леташе на релација Ханжу (Кина) до Инчон (Јужна Кореја) изби пожар во еден од багажниот простор. Сето тоа се случувало на висина од 10.000 метри. Патниците и стујардесите кои биле во паника, трчале да го изгасат што е можно побрзо. Авионот на „Ер Чајна“ изврши […]
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека на Москва ѝ е потребна победа во конфликтот во Украина под услови што им се добро познати на сите. Медведев изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп рекол очигледна, но доста интересна работа на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски – дека и Русија и […]
Во Црна Гора, од почетокот на годината, поднесени се 17 кривични пријави против 19 лица за кривични дела трговија со луѓе, а 30 лица се идентификувани како жртви, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) на Црна Гора. Министерството соопшти дека оваа година спроведува низа активности по повод 18 октомври, Европскиот ден против трговијата со луѓе, […]
Излезеноста за локалните избори до 9 часот во Струга и Струшко е 2,2 отсто, додека во Вевчани 5,02 проценти, информираат претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска. Изборниот процес во двете општини, според нив, тече непречено. Во Струга се гласа на 101 избирачко место, а право на глас имаат 61.956 лица, додека […]
Во Лабуништа сите гласачки места за локалните избори за градоначалник и Совет на општина Струга утрово беа отворени навреме. Гласањето се одвива мирно и во најдобар ред, без забележани неправилности.
Одѕивот на локалните избори до 09.15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани. Тој повтори дека сите гласачки места се отворени навреме и оти гласањето се одвива без […]
Во Лабуништа, сите гласачки места за локалните избори за градоначалник и Совет на општина Струга утрово беа отворени навреме. Гласањето се одвива мирно и во најдобар ред. Право на глас во Лабуништа имаат 6.664 граѓани.
Бројката на загинати во експлозијата на зградата во Букурешт, главниот град на Романија, се искачи на три лица, а 17 се повредени. Во експлозијата, два ката беа целосно срушени, а долните катови беа оштетени, објавија локалните медиуми. Раководителот на единицата за итни случаи и мобилна реанимација во Букурешт, Богдан Оприца, изјави дека 17 повредени лица, […]
Саудиска Арабија преговара со Соединетите Американски Држави за нов безбедносен договор што би можел да биде потпишан за време на посетата на престолонаследникот Мохамед бин Салман на Белата куќа следниот месец, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Висок функционер на администрацијата на Трамп потврди дека „има разговори за потпишување нешто кога […]
Израелска екстремистичка група блокираше камиони што носеа хуманитарна помош за Газа на граничниот премин Керем Шалом во петокот. Организацијата, која се нарекува Цав 9, постојано ги прекинуваше испораките на помош за Газа пред да стапи на сила прекинот на огнот на 10 октомври. Во објава на платформата за социјални медиуми на американската компанија X, групата […]