Среда, 18 ноември 2026 среда, 18 ноември Струга 15°C Струга 15°C Пријави вест
Свет

ЕУ формира нова разузнавачка единица под Урсула фон дер Лајен

Објавено: · 1 мин читање
ЕУ формира нова разузнавачка единица под Урсула фон дер Лајен

Европската комисија (ЕК) започна со формирање нова разузнавачка единица под претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, со цел подобрување на користењето на информациите собрани од националните шпионски агенции, објави „Фајненшл тајмс“.
Според весникот, единицата ќе биде формирана во рамките на генералниот секретаријат на Комисијата и планира да ги собере претставниците од различни делови на разузнавачката заедница на ЕУ за собирање и анализа на разузнавачки информации за заеднички цели.
Британскиот весник објави дека четири лица запознаени со плановите ја потврдиле информацијата, додека „Ројтерс“ не можел да го потврди извештајот.