Вести

ФОТО: Хоспитализиран Папата Франциск, откажани сите состаноци

Папата Франциск (86) денеска е хоспитализиран во Рим, а неговите состаноци планирани за утре се откажани, објави Ватикан. „Светиот Отец е во болницата ‘Џемели’ каде што попладнево беше однесен на однапред договорени прегледи“, изјави портпаролот на Светата столица, Матео Бруни, без да даде други информации. Италијанскиот дневен весник „Кориере дела Сера“ објави дека Папата бил […]

Свет

Во Белгија приведени седум лица осомничени дека планирале терористички напади

Седум лица, од кои пет се белгиски државјани, еден турски и еден бугарски, денеска се приведени во рамки на истрагата за можни терористички напади, соопшти белгиското обвинителство. Тие беа приведени синоќа во рамки на акцијата против екстремистичките активности насочени кон радикализирање на младите. Повеќето од приведените се на возраст од околу дваесет години. Федералното обвинителство […]

Свет

Сенатот гласаше за укинување на правото на Белата куќа да

Сенатот денеска во двопартиска усогласеност гласаше за укинување на резолуците донесени во 1991 и 2002 година за воени операции во Ирак, како прв чекор кон тоа Конгресот да си го врати правото да одлучува дали САД да одат во војна или не. За многумина, овластувањето што го поседуваше извршната власт, беше грешка. Во текот на […]

Свет

ОН усвои Резолуција со која се бара дефинирање на обврските

Генералното собрание на Обединетите нации денеска усвои резолуција со која се бара од Меѓународниот суд на правдата да ги дефинира обврските на државите во борбата против климатските промени, односно правно мислење кое ќе ги обврзе земјите да ги заострат мерките за оваа цел. Резолуцијата со која се бара советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата […]

Вести

Полска забранета зона за руски и белоруски спортисти

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави денеска дека на меѓународните спортски манифестации кои ќе ги организира неговата земја ќе им биде забранет настап на руски и белоруски спортисти, дури и под условите кои за нив ги препорача Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за учество под неутрални државни обележја. „Русите нема да настапуваат во Полска. Нема да има […]

Вести

Португалија ја суспендира програмата „Златни визи“

Португалија поради поскапувањето на недвижностите и критиките од Европска Унија, одлучи да престане да дава престој и државјанство на жителите на Кина, Русија и други земји во замена за финансиски инвестиции. Со тоа заврши десетгодишната програма позната како „Златни визи“, преку која 31.000 странци влегоа во европската зона на движење без граници, објави денеска шпанскиот […]

Вести

Курти: Потребна ни е и брза и коректна примена на

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека договорот постигнат во Брисел и „патната карта“ за негова имплементација договорена во Охрид се јавни документи и дека е потребна нивна „точна и брза имплементација“, јави српската агенција БЕТА. – На 4 април во Брисел ќе се разговара за прашањето за имплементација на веќе договорениот договор. Договор […]

Вести

Дали сте за зголемување на максималната брзина на автопатите?

Максималното ограничување на брзината на повеќето автопати во Европа, вклучувајќи и во Македонија, е 130 км/час. Кога станува збор за европските автопати, најчесто се споменуваат оние во Германија, каде на одредени делници нема ограничување на брзината. Во последните неколку години имаше неколку иницијативи кои се обидоа да ја намалат максималната дозволена брзина, прво од безбедносни […]

Вести

Амстердам им порача на Британците: Подалеку од градот ако доаѓате

Официјални лица во Амстердам ги предупредија британските туристи кои доаѓаат во холандската престолнина поради секс и дрога да се „држат настрана“ од градот преку дигитална кампања наменета за мажи на возраст од 18 до 35 години. Кампањата наречена „Остани подалеку“ се спроведува во обид да се ослободи Амстердам од неговата репутација на „развратен“ град, како […]

Вести

Генералниот директор на Одделот за транспорт на ЕК поднесе оставка,

Генералниот директор на Одделот за транспорт на Европската комисија (Dg Move), Хенрик Хололеј, ќе се повлече од функцијата откако беше откриено дека прифатил бесплатни летови од Катар ервејс додека неговиот тим преговараше за голем авијациски договор со оваа земја од Персискиот залив. Тој е предмет на внатрешна истрага за летовите, пишува бриселски Политико и пренесува […]