Средба на Бектеши со Фаисал Ф. Алибрахим, министер за економија ипланирање на Кралството Саудиска Арабија: Со договор за економскасоработка може да се продлабочат економските односи меѓу двете земји

Министерот за економија Крешник Бектеши, денес оствари средба со министерот
за економија и планирање на Кралството Саудиска Арабија, Н.Е. Фаисал
Алибрахим.

На средбата беше констатиран позитивниот развој на односите помеѓу двете
земји, како и можностите за продлабочување на билатералната соработка.
Министерот Бектеши на својот колега, министерот за економија и планирање на
Саудиска Арабија му ги пренесе макроекономските резултати кои ги оствари
Република Северна Македонија во изминатиот период како и можностите и
потенцијалите за инвестиции во нашата земја.

Двајцата соговорници се согласија дека за продлабочување на економската и
трговската соработка помеѓу двете земји, во наредниот период е неопходно да се
потпише договор за економска соработка помеѓу Северна Македонија и Саудиска
Арабија со кој ќе се постави основ за натамошно продлабочување на односите
помеѓу двете земји, како и можност за организирање на бизнис форум помеѓу
инвеститори и компании од двете земји.

На средбата двајцата соговорници разменија мислења за можните полиња за
идна соработка со што ќе се интензивира развојот на економските односи помеѓу
двете земји.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ