Рјуџи Кимура, осомничен дека фрлил димна бомба врз јапонскиот премиер Фуми Кишида, има досие дека ја тужи Владата, тврдејќи дека неправедно му е забрането да се кандидира на националните избори, јавија денеска јапонските медиуми. Кимура во јуни минатата година поднесе тужба до Окружниот суд во Кобе, тврдејќи дека неможел да се кандидира на изборите поради […]
Околу 48 милиони лица во Западна и Централна Африка во следните месеци ќе се соочат со акутна несигурност на храната, поттикната од климатските шокови, Ковид-19 и високите цени, предупредија денеска агенциите за помош на Обединетите нации. Западна и Централна Африка се соочуваат со зголемени ризици поради високите температури и непредвидливите врнежи. Војната во Украина придонесе […]
Во насилствата што од саботата избувнаа во Судан веќе се загинати 270 лица, а 2.600 се повредени, наведува Светската здравствена организација (СЗО), јави ДПА. „Ги осудувам сите загуби на животи и ние солидарно стоиме со нашите браќа и сестри во #Судан“, изјави денеска на Твитер генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус Помошта што СЗО […]
Полска постигна договор за обнова на транзитот на украинско жито низ нејзина територија, изјави полскиот министер за земјоделство Роберт Телус, цитиран од британските медиуми. Транзитот ќе биде строго следен, со запечатени камиони со жито и следење со ГПС. -Меѓутоа, останува на сила забраната за увоз на украинска храна во Полска, додаде министерот за развој и […]
Портпаролот на Европската унија Петер Стано денеска изјави дека на 2 мај во Брисел ќе се одржи нова рунда од дијалогот на високо ниво меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград. Стано кажа и дека ЕУ формирала Заеднички надзорен одбор за следење на спроведувањето на Договорот за нормализирање на односите меѓу Косово […]
На поранешната германска канцеларка Ангела Меркел вчера и беше доделено највисокото признание во земјата. Првата жена лидер во Германија, која се повлече од функцијата во декември 2021 година, беше одликувана со Федерален орден за заслуги од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер за време на церемонијата во палатата Белви во Берлин. На настанот беа присутни актуелниот канцелар Олаф […]
Дваесет и едно лице загина во пожар во болницата Чангфенг во Пекинг, по што се евакуирани десетици пациенти, објавија кинеските државни медиуми. Персоналот евакуирал 71 пациент, објавија медиумите. Видео снимките од пожарот кои кружат на социјалните мрежи покажуваат црн чад како излегува од зградата, додека некои луѓе излегуваат низ прозорците со јаже направено од чаршафи. […]
Министерството за одбрана на САД синоќа соопшти дека резултатите од ревизијата на неодамнешното протекување на доверливи документи ќе бидат готови за 45 дена. Оттаму потврдија дека работат на извештај за проценка како било извршено злоделото. -Тука сме да ги извлечеме фактите и тоа е она што ќе го направи оваа ревизија, изјави Сабрина Синг, заменичка […]
Норвешка протерува 15 вработени во руската амбасада во Осло, обвинувајќи ги дека се „разузнавачи кои дејствуваат под закрила на дипломатски позиции“. Норвешкото Министерство за надворешни работи соопшти дека руските функционери мора што поскоро да ја напуштат земјата. Британските меидуми наведуваат дека ваквата одлука претставува одговор на норвешката Влада на промената на безбедносната ситуација во Европа, […]
Шведското јавно радио (СР) денеска соопшти дека ги суспендира активностите на Твитер откако слични решенија беа донесени во САД и Канада поради контроверзните одлуки на социјалната мрежа во сопственост на Илон Маск. „Sveriges Radio веќе некое време го намали своето присуство на Твитер и сега решивме целосно да ги прекинеме нашите активности на таа платформа, […]